На почетокот на годината, Лепа Брена заедно со нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ и синовите Стефан и Виктор замина на егзотичен одмор, а тоа задоволство ги чинеше околу 20 000 евра.
Фолк ѕвездата практикува во текот на јануари и февруари да замине на некоја егзотична дестинација и тоа далеку од Србија.
Досега посетуваа една или две дестинации, а овој пат се одлучија да посетат некои земји и градови каде не биле досега.
Брена и нејзиното семејство прво го посетија Виетнам, па беа неколку дена на Тајланд, во Сингапур и на Бали.
Пејачката на Бали направи пауза од уживањата и релаксација, а потоа заедно со нејзиниот син настапуваше во Австралија.
Лепа Брена се дружеше со нејзините фанови, а концертите одлично поминаа.
По Австралија и Нов Зеланд, семејството Живјоиновиќ замина на островот Бора Бора каде одмараат неколку дена.