Пејачката Наташа Беквалац вчеравечер оствари модна доминација во Штарк Арена во Белград на доделувањето на првите регионални MAC награди.
Кога е изгледот пред камери на на сцена во прашање, Блеквалац во последно време е непогрешлива.
Имено, таа на ова големо музичко случување промени три различни аутфити потпишани од српскиот моден бренд Mihano Momosa.
Најпрвин пред медиумите се појави во сина елегантна тоалета во минималистички крој, а подоцна блесна во еден од најубавите фустани кои ги видовме вечерта.
Станува збор за впечатлив фустан од висока мода во магента нијанса изработен од пердуви и со склуптурален израз од формата.
Подоцна за изведбата на две од нејзините песни на сцената носеше огледален корсет и впечатливи чизми.
Се пишуваше дека за комплетниот изглед како и оној на танчарите, Беквалац платила 20 илјади евра.
Сепак, фустанот со пердуви беше она највпечатливото од сите модни изданија на вечерта.
Ова не е првпат Наташа да носи дизајн од овој моден бренд, а често се фотографира за нив и како заштитно лице.