Сопругата на Огњен Врањеш знаела за две годишната врска на босанскиот фудбалер со Јелена Карлеуша
Таа дури ја обвинува пејачката за целиот скандал и фотографиите.
Како пренесува „Ало“, сопругата на Огњен знаела за секое неверство, но поради нивната ќерка секогаш му простувала.
Според пишувањата на српските медиуми, Даниела знаела за аферата со Карлеуша, но одлучила да се прави „луда“.
„Сите семејни пријатели на Врањеш знае дека ја изневерува.Таа знае за секоја афера. Па, Катарина Грујиќ ја сретна на аеродром во Атина. Пејачката доаѓаше кај нејзиниот сопруг, а Даниела со ќерката се враќаше за Босна и Херцеговина. И за романсата со Јелена знаеше од самиот почеток.На почетокот не и се допаѓаше, а потоа сфати дека треба да молчи и трпи“ вели извор близок на семејеството Врањеш.
Изворот тврди дека Даниела ја обвинува Карлеуша за аферата бидејќи Огњен само поради неа сакал да се разведе. Исто така е бесна затоа што пејачката му се заканувала на фудбалерот.
„Даниела мисли дека Огњен од инат кон Карлеуша го посрамоти целото семејство. Таа му се закануваше, праќаше некои луѓе да го замолчат. Поради тоа, Врањеш полуде и ги објави фотографиите.Даниела е убедена дека тој никогаш нема да го направи тоа ако Карлеуша не му се закануваше“.
Даниела побеснала бидејќи Јелена почнала јавно да ја споменува.
„Јелена му се закануваше и на сопругата на Врањеш. Тогаш Даниела првпат пукна и му се јави на сопругот и му кажа „Мене твојата ку*ва ќе ме сели од земјата?“ тврди соговорникот.
За потсетување, Јелена демантираше дека нешто имала со Огњен Врањеш.