Во бекстејџот, поточно во гардеробата на Јелена Карлеуша за време на одржувањето на МАЦ (Music Award Ceremony) наградите се одвиваше вистинска драма. Логично, после секс аферата интересот за неа беше најголем, па откако таа ја отпеа својата песна „Лајк“ побрза кон својата гардероба.
Новинарот и фоторепортерот на хрватски „24 сата“ успејаа некако да дојдат до бекстејџот и кога се подготвуваа да и постават прашање и да фотографираат, обезбедувањето од тимот на Карлеуша ги спречи во намерата.
„Што парвиш?“ – му викна членот од тимот на пејачката на фоторепортерот, малку оттурнувајќи го со лактот од себе, а овој му возврати: „Што ме допираш? Зошто ме туркаш?“
Ревносниот соработник на српскат музичка дива го спречи фоторепортерот да фотографира, а со другата рака го попречуваше новинарот кој се обиде во живо ( Фејсбук лајв) да се вклучи и да снима.
„Држи го овој со мобилниот“ – викшеа човекот од тимот на Карлеуша, која се правеше како да не ги слуша новинарските прашања, а обезбедувањето нејзе и нејзиниот тим ги изнесе на помошниот излез.