Натпреварувачот во шоуто “Никогаш не е доцна” Сашко Јањиќ, со своето пеење, но и со неговата животна приказна, успаеа да го расплаче жирито и публиката.
Имено, Сашко е самохран татко, има два сина. Кога неговиот помлад син имал седум месеци, а постариот две години, неговата сопруга го напуштила.
Јањиќ ја раскажа својата тешка судбина, а неговиот постар син му се придружил на сцената каде ја отпеа песната на Шабан Саулиќ “Мајко, се ти простувам”.
Дури и Жика Јакшиќ не можеше да ги задржи созлзите кога ја слушна изведбата на таткото и синот, присутните не криеја колку судбината на овој натпреварувач ги погоди.