Изминатиот период речиси сите го прифатија предизвикот да објават фотографија на социјалните мрежи со споредба од тоа како изгледале пред 10 години и сега.
Модната блогерка, инфлуенсерка и девојка на некогашниот победник на „Големиот брат“ Дарко Спејко, струмичанката Љупка Митрова сакаше да биде поразлична од останатите кога е во прашање објавување на стара фотографија.
Имено, таа многу често е во комуникација со своите бројни следбеници на Инсатграм каде постојано им одговара на поставените прашања.
Овој пат тие од неа побараа да објави фотографија кога била мала, а Љупка веднаш возврати со фотографија кога имала само 6 години споредена со онаа од денес на 31 година.
Малечка, слатка со сини очи, а повеќето и коментираа дека нејзината помала ќеркичка е копија на мама.
View this post on Instagram
фото:инстаграм/љупкамитрова