Пејачот Дарко Лазиќ крајот на претходната година ја помина во болница и бања каде оздравуваше од сообраќајната несреќа.
Пејачот полека оздравува во својот дом, а најголема поддршка му е неговото семејство, како и неговата свршеница Марина Гагиќ која е бремена.
Имено, пејачот и неговата избраничка очекуваат бебе. Викендов Дарко и Марина прославија една година врска, а Лазиќ на социјалните мрежи објави заедничка фотографија.
Меѓутоа, фановите ја нападнаа бремената партнерка на некогашниот победник на „Ѕвездите на Гранд“.
„Многу сте паметни, не разбирам некој кој е бремен може да пие алкохол,а мислам Дарко дека Господ ти даде уште една шанса, па искористи ја добро, остави тој отров“, „Жената кое пие алкохол во текот на бременоста му нанесува штета на бебето. Тоа не е мајка, инфомирајте се што му правите на детето“, „Ако не можеш да издржиш девет месеци без алкохол,тогаш не го ни заслуживат тоа дете“, се само од некои коментарите.
За потсетување, на парот ова ќе им биде прво заеднилчко дете, а од претходниот брак со Ана Севиќ ја има ќерката Лорена.