Радио Милева

Жирито на „Ѕвездите на Гранд“ со критики до Огнен Здравкоски: „Досега оваа е твојата најлоша изведба“ (видео)

Жирито на „Ѕвездите на Гранд“ со критики до Огнен Здравкоски: „Досега оваа е твојата најлоша изведба“ (видео)

Во саботата започна емитувањето на вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“; а прв на сцената настапи Огнен Здравкоски од Скопје.

Имено, во вториот круг важат и нови правила односно менторот на кандидатот седи до Саша Паповиќ и нема право да гласа за својот кандидат.

Оние учесници кои ќе добијат 5 или 6 гласа одат директно во следниот круг, оние кои ќе добијат 3 или 4 гласа ќе бидат ставени на „чекање“, а натпреврувачите од 0 до 2 гласови испаѓаат од музичкото натпреварување.

Огнен во вториот круг се престави со „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ и „Онај ко те љуби сретан је“ од Тони Цетински.

Тој за ментор ја одбра Марија Шерифовиќ која го подготвуваше и овој пат седна до Поповиќ и го следеше неговиот настап.

По неговите изведби тој доби вкупно 5 гласа што значи дека помина во следниот круг.

„Досега немаше полоша изведба. Гласав за него затоа што знам каков е капацитет. Не е доволно работено со тебе, штета“ истакна Босанац.

Јелена Карлеуша беше сурово искрена кон Огнен и го кажа своето мислење.

„Ти си ми многу симпатичен. Многу си слатко момче. Имам да ти кажам две работи, прво, ги знам сите кандидат на Марија и мислам дека си од полошите. Второ, во тебе не гледам дека некој ќе биде ѕвезда. Немој да се лутиш. Сладок си, многу добро пееш“ истакна Карлеуша.

Вики Миљковиќ истакна дека Огнен заслужува да оди не само во третиот круг туку и многу повеќе.

Како ќе се претстави Огнен во следниот круг останува да видиме.

https://www.youtube.com/watch?v=xyLlpOYDz4M

To top