И за Симона Попоска 2017-та беше година на нејзиниот живот! Имаше хитови, го заврши факултетот по медицина, а распеаната лекарка, годинава и се омажи! А, кога е така успешна годината, вреди достоинствено и да се испрати. Очигледно Дедо Мраз сите желби што лани си ги замислила и ги исполни, па затоа згодната охриѓанка со скопска адреса на живеење, реши лично да го дочека, за да му се заблагодари.
Најпрвин богато ја накити својата елка и ја украси дневната соба… Потоа го облече црвеното ирвас џемперче, ги навлече белите чорапчиња, го посла новогодишното ќебенце на подот, ги разголе долгите нозе, па така облечена како секси Баба Мразица, седна покрај елката својот Јорки в скут и подготвена реши да го дочека најсаканиот дедо на светот.
Арно ама, после некое време, накитената елка остана сама, како и украсената соба, која осамна празна!
Згодната, секси Баба Мразица таму повеќе ја немаше! Едноставно исчезна…! Дали и здодеа чекањето, па во меѓувреме излезе надвор да го прошета својот мал четвороножен љубимец, или докторката мораше на ноќно дежурство? Или… наместо на средба со најпосакуваниот дедо на светот, заврши во прегратките на нејзиниот „Дедо Мраз“, останува мала предновогодишна тајна!
Впрочем, се ближи Нова година, време е за подароци и исполнување желби… А како што знаете, за ниту една жена, особено, тазе мажена, нема ништо поубаво од тоа да е… целосно исполнета!