Српската пејачка Рада Манојловиќ пред неколку години кога се појави во „Ѕвездите на Гранд“ беше слабичка девојка која со текот на годините доста се промени.
Најпрвин ги среди забите кои и беа најголем недостаток, а потоа комплетно го промени имиџот. Иако повеќето нејзини колешки од естрадата вградија силикони, Рада остана без овој атрибут и не ги зголеми малите гради, но затоа ја наполни устата.
Веројатно Рада сега сфати дека девојките со облини се доста актуелни, а се помалку оние слабите со манекенска става. Според поседната фотографија која ја објави на Инстаграм може да се види дека пејачката ставила некој килограм повеќе, што особено се забележува во пределот на бутините.
За убаво да ги истакне таа облече кус фустан и високи чизми, од кои целото внимание го насочи на долгите и пополнети нозе.