Српските медиуми не престануваат со линчување на Карлеуша: Сега објавија стара фотографија на која телохранителот ја допира за задникот (фото)
Често се зборуваше за тоа како бракот на Јелена Карлеуша и Бојан Кариќ не успеа поради аферата со телохранителот во 2004 година, по само три месеци од идилата.
Сепак, ова не е единственото време кога пејачката според срспките медиуми наводно фатена “на работа” со својот вработен.
Имено, на церемонијата на доделувањето на наградите Белградски победник, каде што таа беше прогласена за пејачка на годината, Јелена Карлеуша е фотографирана пред да излезе на сцената, а нејзиниот телохранител ја удрил по задникот.
За Душко Тошиќ, Јелена се венчаше една година порано, а земајќи го во предвид сегашниот скандал, според медиумите на Душко постојано му „набиваат рогови“.
Оваа фотографија е создадена зад сцената на настанот на 20 февруари 2009 година, а пејачката била и со нејзиниот тогаш тазе сопруг.
Поради оваа причина, се крена огромна прашина.
За потсетување, Јелена Карлеуша се најде во центарот на порно скандалот кога беа објавени експлицитни фотографии, снимки и пораки испратени до босанскиот фудбалер Огњен Врањеш. Јелена веднаш за сите контроверзни материјали кажа дека се монтажа , додека Огњен Врањеш рече дека тие се блиски веќе две години.
Пејачката истакна дека знае дека зад сето ова се крие група на луѓе кои сакаат да му наштетат на неа и на нејзиното семејство, поради што ќе бидат законски одговорни.