Неколку дена по ред, босанскиот фудбалер Огнен Врањеш и Јелена Карлеуша се главни актери на скандалот за експлицитните содржини.
Наводно, Јелена му праќала интимни фотографии на Огнен, а сега таа се обидува да докаже дека тие фотографии се фотомонтажа.
Меѓутоа, извор близок на пејачката тврди дека тој ја предупредил дека доколку јавно ја понижи ќе ги објави порно фотографиите.
„Јелена и Огнен многу се сакаа. Тој се правеше за неа. Јелена во медиумите беше сопруга за пример, а Врањеш се трудеше да биде во сенка бидејќи не сакаше да и наштети на семејството. Му беше важно да биде среќна. Не и бараше да се разведе, прифати да бидат љубовници, но имаше еден услов – никогаш јавно да не го понижи. И кажа доколку го направи тоа во јавност ќе ги објави видета и вистината за нивната врска“ тврди извор близок на пејачката.
Откако се појавија вестите за наводната афера, Карлеуша истакна дека Врањеш е нејзин фан и психопат кој ја прогонува.
Тоа го испровоцирало фудбалерот и со отворено писмо призна дека биле заедно, а објави и заедничко видео од Атина.
„Да му се јавеше и да му кажаше дека има проблеми, дека треба да се оправдува на сопругот, Огнен никогаш нема да признае дека биле заедно. Напротив, ќе ја заштитеше. Бидејќи таа си гледаше за нејзиното семејство, а го навреди неговото одлучи да каже се што знае бидејќи нема да дозволи да го прави будала пред луѓето“ вели изворот.
Од друга страна, Карлеуша демантираше дека имала врска со Огнен, па замина во Кина кај нејзиниот сопруг.
По враќањето во Србија пејачката не сакаше да дава изјави за медиумите.