Мегафон сеќавање на раѓањето на англеот

Елена Ристеска ќе пее за роденденот на Тоше во Крушево

Елена Ристеска ќе пее за роденденот на Тоше во Крушево

Крушево се подготвува да го одбележи роденден на својот великан Тоше Проески, кој на 25 јануари ќе наполнеше 38 години. На одбележувањето кое е  во оганизација на општина Крушево, спомен-куќата „Тодор Проески“, Меѓународната фондација „Тоше Проески“, ООУ „Никола Карев“ и СОУ „Наум Наумовски Борче“, прво ќе биде положено цвеќе на вечното почивалиште на Тоше, а потоа манифестацијата се сели во спомен-куќата „Тодор Проески“.

Таму ќе настапат Сотираки Чакалар, Марија Котеска и Елена Ристеска, а ученици од „Наум Наумовски Борче“ ќе читаат извадоци од песни на Тоше. Во текот на манифестацијата ќе се одвива и креативна работилница во авторство на ракотворци од Битола. На присутните ќе им се обратат и градоначалникот на Крушево и директорот на НУ спомен-куќата на Проески, а ќе бидат доделени и награди и благодарници.

To top