Како дел од кралското семејство Кејт Мидлтон и Меган Маркл имаат многу правила кои треба да ги почитуваат.
Често може да ги видите како чантите ги носат во лева рака. Мика Мејер која е експерт за кралското однесување даде објаснување за ова правило.
Имено, носењето чанта во левата рака го практивуваат членовите на семејството бидејќи тие често мора да се ракуваат и поздравуваат со луѓето, па десната рака им е слободна.
Интересно е тоа што и мажите ако носат чанти поради истата причина ќе треба да ја носат во левата рака.
Меѓутоа ова не е ново правило, истото го почитувала и принцезата Дајана, а го почитува и кралицата Елизабета.