Најтешките моменти од својот живот ги доживува белгискиот голман Јанички со своето семејство. Неговата сопруга Ким пред пет дена ја роди ќеркичката Лија, но нажалост таа почина само два часа откако дојде на свет.
Во неделата натпреварот меѓу Гента и Спортинг започна со едноминутно молчење во знак на сеќавање на бебенцето кое поради предвремено породување почина.
Сите навивачи со транспаренти во рацете им порачаа „Сила за Ким и Јанички“.
-Нашата принцеза Лија Толен беше во нашите раце. Беше силен борец, но дојде прерано на овој свет. Заплака, ни дозволи да и ги допреме стапалата, го исплази јазикот, ги фати нашите прсти со своите, се надевавме дека тој момент ќе трае вечно, напиша голманот на Инстаграм.
View this post on Instagram
-Тоа кратко време кое го минавме со неа беа најубавите два часа во нашиот живот. Невозможно е да се опише болката која ја чувствуваме. Секогаш ќе бидеме горди на нашата малечка. Благодариме на сите топли зборови и поддршка, но сега сакаме само малку време и мир.