Миљана, ќерката на Аца Лукас минатото лето се породи и му ја донесе на свет внуката Миња. По половина година, за прв пат во јавноста се појавија заедно внуката и дедо Аца.
Александар Вуксановиќ го прослави својот 50-ти роденден, а според него, тој не можеше да добие подобар подарок. Лукас, кој сега има нова улога, покрај четирите деца посочи дека раѓањето на наследничката го натерало да сврти во нов лист и да гледа на работите на поинаков начин:
„Право да ви кажам, мислам далеку сум од некаква емоционална личност, па дали е во прашање раѓањето на син, ќерка и внука, сето тоа е за мене исто. Прекрасно. Јас навистина не можам да рангирам кога емоцијата е посилна. Знам дека секој пат беше прекрасно… И кога добивав деца и кога се роди моето прво внуче“ – рече Лукас.
Инаку, тој ја сподели фотографијата со своите внуки на социјални мрежи, а коментарите под сликата беа дека и двете неверојатно личат на него и дека „новата улога“ баш убаво му прилега.