Претходната година, Нина Јанева заплива во брачните води и официјално склопи брак со Александар.
Во една прилика таа истакна дека повеќе сака некласични свадби со вистински луѓе.
„Јас сум за некласична свадба со вистински луѓе. Ќе има и традиционална македонска музика, секако без турбофолк и непотребни моменти. Семејството на Александар е големо, речиси двапати поголемо од моето, што значи дека планирам провод за сите генерации“ изјави Јанева пред свадбата.
Пејачката не правеше традиционална свадба, а на социјалните мрежи се појавија неколку фотографии од свадбената прослава која очигледно е дека била различна и оригинална.
Нина ужива во брачниот живот со Александар, а деновиве во интервју за „Женски магазин“ истакна дека ја мотивира љубовта.
„Мотив во животот ми е љубовта, откако ја сретнав вистинската личност и сфатив дека со него и светот можам да го освојам. Ме мотивира желбата за семејство, за подобрување на квалитетот на животот, за искусување нови нешта…. Едноставно ме мотивира обичниот живот проткаен со семејството, пријателите, музиката и сите вредности на кои за жал во последно време малку им се обрнува внимание“, вели Нина,