Манекенката Доротеа Раденковиќ и нејзиниот партнер, некогашниот учесник во реалното шоу „Survivor“ , Немања Рошиќ добија ќерка.
Пред да започне врска со Немања, познатата манекенка беше во врска со синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ.
Стефан и Доротеа се забавуваа повеќе од две години, а беа и на заедничко патувања на Тајланд и се појавуваа на јавните случувања.
Меѓутоа, Доротеа и Стефан раскинаа, па манкенката започна врска со Немања со кого се сврши во септември 2018година.
На почетокот на оваа година, поточно на 2 јануари добија ќерка која ја крстија Арија.