Радио Милева српската пејачка сепак била со босанскиот фудбалер?

Осамна видео на кое Карлеуша и Врањеш заедно се шетаат по Акропол во Атина: Босанскиот фудбалер сепак не лажел? (ВИДЕО)

Осамна видео на кое Карлеуша и Врањеш заедно се шетаат по Акропол во Атина:  Босанскиот фудбалер сепак не лажел? (ВИДЕО)

Додека скандал – аферата порно прељубата на Јелена Карлеуша се повеќе зема замав, медиумите од час во час објавуваат нови докази во мполза на едната или другата страна. Српските воглавном скриено „навиваат“ за нивната пејачка, додека босанските медиуми нудат факти дека нивниот фудбалер сепак не лажел?!

И додека Карлеуша тврдеше дека нејзините експлицитни фотографии се монтирани и фотошопирани,  босанскиот портал „Слободна Босна“ објави приватно видео на кое јасно може да се види како таа и фудбалерот Врањеш се шетаат по Акропол во Атина.

Поточно, видеото ја покажува српската пејачка Јелена Карлеша, како се шета и снима низ историскиот дел на грчкиот главен град, по што зад неа се појавува и отпоздравува Огњен Врањеш.

Иако фолк дивата негираше сè, Врањеш и Карлеуша очигледно, сепак  биле заедно.

На видеото во продолжение се гледаат дури и неколку нејзини експлицитни фотографии  како машка рака ги листа на мобилниот телефон, среде еден ноќен локал.

Во меѓувреме, Карлеуша се спакувала и одлетала од Белград за Кина, каде што игра фудбал нејзиниот сопруг Душко, додека коментарите на фановите на едната и другата страна, упатени преку социјалните мрежи не стивнуваат! Од сите, овој ни се чинеше најуникатен и најоригинален:

Ова е доказ видеото:

To top