На Божиќ, српските медиуми објавија дека Јелена Карлеуша се разведува од нејзиниот сопруг Душко Тошиќ. Како причина за нивниот развод ја наведоа дека Карлеуша наводно се допишувала со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.
Јелена и Душко ги демнатираа овие написи истакнувајќи дека со нивниот брак се’ е во ред.
Но, деновиве во медиумите се појавија експлицитни фотографии од Карлеуша која наводно му ги праќала на босанскиот фудбалер.
Имено, како што пренесува Курир. рс фотографиите биле направени за време на „Фејс тајм“, а од разговорот бил направен и „принтскрин“.
Овие експлицтни фотографии предизвикаа вистинска бура во јавноста, а и многу коментари кај фановите на пејачката.
И додека се чека разврската на порно аферата на српската фолк дива, Карлеуша се огласи истакнувајќи дека тие фотографии се тешка монтажа!? Се, или не се’… проценете сами!
Фото: Принтскрин/Курир.рс