Роднините и семјството не може да ги бираме, а кога станува збор за семејни односи секогаш треба да ги негуваме.
На македонската естрада меѓу јавните личности има роднини и семејни врски. За некои од нив можеби знаете, за некои можеби не.
Како што пренесува естрадниот магазин „Ексклузив“, најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров е во роднинска врска со Антониа Гиговска.
Кире победува на спортскиот терен, а Антониа учествуваше во „Пинкови ѕвездички“ каде доби многу пофалби за нејзиното пеење.
Кире и Антониа се далечни братучеди, пренесува естрадниот магазин Ексклузив.
Лазаров со своите колеги од репрезентацијата деновиве се наоѓа во Австрија каде се игра Европското првенство во ракомет.