Радио Милева колеги(јална) проверка...

„Ај Кју“ во Маврово: Марија на скии, Бојан на сноуборд на снегот, ама на суво… Ја батали „даската“ па се фати за „амбалажата“… за мајчино млеко! (ФОТО)

„Ај Кју“ во Маврово: Марија на скии, Бојан на сноуборд на снегот, ама на суво… Ја батали „даската“ па се фати за „амбалажата“… за мајчино млеко! (ФОТО)

Зимата и снегот и покрај студот и сите непогодниости, носат и еден куп зимски радости, како за децата така и за возрасните.

Особено ако си на планина, во некој зимски ски центар, дома или надвор од Македонија, сеедно… на ваквиот предизвик не се имуни ниту познатитите. Меѓу останатите и нашите евровизиски претставници, Марија и Бојан од дуото „Ај Кју“ беа на планина. На скијање и бордање… во Маврово!

Марија се качи на скиите, се фати за штеките, па се пофали со новата опрема. Бојан е модерен „фраер“, па не скија туку борда… Логично двојката направи и неколку заеднички „колегијални“ фотографии од авантурата на снегот, па ги сподели на социјалните мрежи, што денес е исто така ултра модерно. Си бил некаде, а да не те дознаат сите… Исто како да не си бил нигде!

Арно ама од сите авантури на снегот, највпечатлива на фотографиите е „авантурата на суво“.

Имено, во паузата помеѓу две скијања и бордања, двојката „музички колеги“ седна малку да се одмори, згрее и да ја обнови енергијата…

И додека Марија и Бојан чекаа персоналот во рестореанот да им го донесе менито, Бојан не чекаше многу, па откако претходно ја пушти „даската“, се фати за за „амбалажата“… за мајчино млеко!

Така овековечениот  „колегијален момент“ осамна постиран на Инстаграм… кај обајцата! Остана само нејасно: Дали тоа Бојан сакаше да провери  има ли алтернативни решенија доколку не му се допадне  менито, или проверуваше дали е се во ред со „аирбегот“ на Марија, во случај пејачката да падне од скиите на снегот?

Што и да е во прашање, едно е сепак сигурно: „колегата“ не остана „со празни раце“!

To top