Со оглед на тоа дека повеќе време живее во Москава, за сопругот на Ана Кокиќ се појавија шпекулации дека ја изневрувал со Русинка.
Пејачката Ана Кокиќ и ватерполистот Никола Радиќ одлучија да стават крај на нивниот брак.
Во заедничко соопштение објаснија дека не се развеле како непријатели, а во медиумите се појавија написи дека Никола ја изневерувал Ана.
„Ана и Никола веќе шест месеци знаат дека на нивниот брак му дојде крај. Ана во Москва последен пат беше во ноември, а не во декември како што се пишува. Таа цел декември беше во Србија каде што имаше голем број на настапи“ вели извор.
Се огласи и Никола по гласините дека ја изневерил пејачката.
„Јас и Ана се кажавме во заедничкото соопштение и не знам зошто се потенцираат такви лажни приказни. Секако дека не ја изневерував, тоа е лага. Навистина не би им давал значење на тие измислици“ вели Никола.