Популарниот актер Џон Траволта објави фотографија на социјалните мрежи со неговата 18-годишна ќерка Ела.
“Се надевам дека сите имаа добра година”, напиша актерот во описот на фотографијата каде позира со неговата ќерка. Фотографијата е направена за време на новогодишната ноќ, а многумина коментираа дека Ела станала вистинска убавица која неодоливо наликува на својот познат татко.
Траволта и актерката Кели Престон имаат три деца. Освен 18-годишната ќерка Ела Блу и деветгодишниот Бенџамин, тие исто така го имаа и постариот син Џет.
View this post on Instagram
Во 2009 година, Џет почина на одмор на Бахамите. Имаше 16 години.
Во тоа време се појавија информации дека тој починал поради тоа што родителите како дел од Сајентолошката вера ја одбиле медицинската грижа за детето.