Бугарската фолк пејачка Преслава по се изгледа остана без пријатели на естрадата. Сите нејзини колеги и колешки полека како да и го „вртат грбот“. Единственото нешто на кое сега пејачката може да се потпре е семејството, поточно сестра и Ивелина, пишува „Бугарија денес“.
Но по се’ изгледа дека ова е очекувано, зашто со години наназад таа „ги оставаше на цедило“ пријателките, кои една по една се намалуваа.
Еден од последните „тивки скандали“ е оној кој таа го имаше со колешката Емануела, а се случи во релното шоу „Големиот брат“, кога Емануела влезе во конфликт со шминкерот на ѕвездите Цицо Андреев, по што паднаа тешки зборови и солзи… Преслава влета во шоуто и застана во одбрана на шминкерот велејќи дека тој нмал намера да ја омаловажи Емануела, а овие нејзини зборови ја разгневија колешката, по што таа стави крај на нивното дружење.
Обожавателите помнат дека Преслава беше многу блиска и со Азис, но одненадеж, преку ноќ го прекинаа пријателството.
Слично нешто се случи и помеѓу неа и Галена, па и со Рени, кога Преслава гостувајќи во „Ѕвездите на Гранд“ изјави дека таа е првата бугарска фолк пејачка која гостува тука, заборавајќи дека Рени оддамна пееше во нивните ТВ шоуа, па дури и живееше во Србија.
„Сега и остана само да се потпре на семејството“ – коментираат добро упатените извори, велејќи дека пејачката секој слободен миг го користи да биде во друштво на својата ќеркичка Паола.
Извор: Новини.бг
Фото: Инстаграм принтскрин