Радио Милева

Карлеуша честиташе Божиќ со фотографија од Цеца, а постапката не им се допадна ниту на нејзините фанови

Карлеуша честиташе Божиќ со фотографија од Цеца, а постапката не им се допадна ниту на нејзините фанови

Светлана Цеца Ражњатовиќ се причести како и секоја година на полноќ по божиќната литургија, облечена во бела боја со бела шамија на главата. Фотографиите кои настанаа по тој повод, ги искористи нејзината долгогодишена ривалка Јелена Карлеуша кој одлучи преку споредување да ја исмее.

Додека од една страна Цеца е облечена во бело во црквата, од друга страна Карлеуша  стави фотографија на која е приказ на сатаната во вид на  жена, завиткана во црно.

“Среќен Божиќ”, додаде таа во описот на нејзиниот профил на Твитер.

Се разбира, многу брзо се појавија многу коментари, каде што секој од нив беа згрозени што на таков ден пејачката остава такви коментари, но други  ја пофалија дека ја објавила вистинската суштина.

“Ова е баш убаво “за нас верниците, кои сме твои голрми обожаватели”, напиша еден човек, на кој пејачката одговори:

“За жал, ова е само вистински приказ за тоа кој денес се “верници “.

Други прашаа дали може да помине барем еден ден без да размислува за Цеца, трети пак ја бранеа.

To top