Радио Милева

По десет години брак, се разведува Ана Кокиќ

По десет години брак, се разведува Ана Кокиќ

Ана Кокиќ и нејзиниот сопруг ги предале документите на адвокатот за да стват крај на нивниот 10 годишен брак.

Како што пренесува Курир, сопругот на пејачката Никола Раџен, при крајот на декември бил кај матичар каде што го побарал венчаниот лист за да поднесе документи за развод на бракот, а вчера познатиот пар потпишал барање за развод.

Тоа го направиле на Божиќ бидејќи Никола морал да се врати во Москва, каде што игра за Динамо.

„Ана и Никола и порано имаа проблеми, но успеа да ги надминат. Често се зборуваше дека се разведуваат, Ана доаѓаше кај мајка и со децата, но секогаш си даваа шанса. Меѓутоа, овој пат нема враќање. Пејачката наводно не е задоволна од бракот бидејќи Раџан последните неколку години е отсутен од дома поради неговата спортска кариера. Со денови разговараа и одлучија тој да го направи првиот чекор. Целта им е се да решат во мир, без никакви проблеми“ вели извор.

Сопруот на Кокиќ ги потври написите дека се разведуваат.

„Се што можам да ви кажам дека Ана и јас ќе се обратиме со соопштение по повод ова ситуација. Благодарам на разбирањето“ изјави Никола.

To top