Фолк пејачот Дарко Лазиќ, Божиќ го помина во својот дом во кругот на своите пријатели.
Пејачот откри како некогаш се славел Божиќ истакнувајќи дека секогаш е среќен кога наближуваат Божиќните празници.
„Се ближи Божиќ и веднаш сум расположен. Ги обожавам Божиќните празници, едвај чекам. За Божиќ и Бадниковата вечер никогаш не работам. Тие два дена се за семејството и со години се придржувам на таа традиција“ вели Лазиќ.
Дарко откри како го прославувал овај празник.
„Го одбележувам традиционално. До скоро одев во „вертепе“. Тоа е група на мажи облечени во бело кои одат од куќа до куќа и пејат Божиќни песни и пијат вино. Потоа се јава коњ и се оди по бадникаво гранче во раните утрински часови“ вели Дарко.
Дарко, Божиќните празници ги поминува во својот дом, а најмногу го израдува посетата на неговата ќерка Лорена.
Имено, по неколку месеци, Дарко конечно ја прегрна својата ќерка од бракот со Ана Севиќ.