Македонското ар ен би дуо ДНК, покрај низата хитови и хуманитарни гестови, како овој последниот со акцијата „Ијас сум дедо Мраз“, ја продолжуваат и својата низа од успешни настапи низ цела Македонија.
Сепак, успешната година Андреј и Панчо ја финишираат со изненадување. не, нивниот концертен настап во живо во еден од најпознатите струмички клубови викендов, не е никакво изненадување, напротив… тоа за нив е вообичаена работа! Изненадувањето е во тоа како ДНК го најавија концертот… или поточно, како преку најавата ги обзананије новите вокали на дуото.
До душа името го задржаа, зашто името не го даваме – нели, ги задржаа и членовите на групата, ама ДНК сепак имаат нови вокали! Старите добро познати фаци, само со нов глас! Или што би рекле, стара песна, на нов глас! Ако ви се причини дека е малку „шабански“ за нивниот стил на музицириња, не берете гајле… Тоа е само колку за најава! До душа, како што се гледа од приложеното, веќе почна да „фрчи“ бакшиш, да им пикаат илјадарки во деколте, ама…!
Ако не верувате, погледнете го трејлерот со оригиналната најавата за концертот в сабота во Струмица, и сами одлучете кој(А) е посекси: Панчо – „Тигрица“ или Андреј – „Кеш“?