Радио Милева

Драгана Мирковиќ се огласи по позитивните коментари на Саша Видиќ за нејзиниот стајлинг

Драгана Мирковиќ се огласи по позитивните коментари на Саша Видиќ за нејзиниот стајлинг

Стајлингот на Драгана Мирковиќ често беше критикуван од страна на модниот критичар Саша Видиќ кој не се штедеше, па често знаеше да удри по пејачката.

Меѓутоа, претходната недела, модниот дизајнер за првпат го пофали стајлингот на Драгана Мирковиќ.

„Капутот да, салонките да, торбата не. Што се однесува до мене, ова е океј, но, повторно грешка со торбата која не иде со нејзиниот преубав капут. Со оваа модна комбинација ќе оди некоја добра дамска чанта“ објасни Видиќ кој за стајлингот  на Драгана даде оценка 4.

По овие позитивни коментљари се огласи и самата Драгана.

 

View this post on Instagram

 

Holiday mood ???

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic) on

„Мене ми е многу драго, тоа за мене е комплимент, сите сакаме да слушнаме убави зборови, бидеќи лошите зборови болат. Убавите зборови ја исполнуваат душата и се добредојдени. Морам да признам дека сум многу среќна и многу му благодарам на тоа и му посакувам се најубаво. И кога ме критикуваше му посакував добро, но тоа не го кажував, а некои негови зборови ме болеа. Без оглед на се, многу ми е убаво кога ќе слушнам убави зборови од него и ќе уживам во истите“ вели пејачката.

To top