Хрватската пејачка Дорис Драговиќ доживеала вистинска драма кога на терен го оживувале нејзиниот сопруг, ватерполистот Марио Будимир.
На вечерата по турнирот во мал турнир дошол и поранешниот ватерполист на Јадран Марио Будимир, кој играл на турнирот. Штом влегол се фатил за градите и паднал. За среќа, таму бил и долгодишниот физиотерапевт Сизгорео кој додека да пристигне Брза помош, трипати го враќал во живот познатиот спортист.
„Беше страшно да се гледа. Сизгорео трипати го врати од мртвите“ изјави еден човек кој бил на лице место.
Будимир бил итно пренесен во болница каде што му биле вградени два стена