Изминатиот викенд се омажи поранешната девојка на блогерот и победник во „Големиот брат“, Дарко Спејко, атрактивната русокоса Тина Шегетин.
Дарко беше поканет на свадбата, а со него и сегашната девојка, струмичката модна блогерка, Љупка Митрова.
Нивното присуство на свадбата беше чудно и за рагионалните медиуми, кои преплавија со написи за Дарко и Љупка, особено за нејзиниот „гол“ фустан кој откри премногу.
За невестата и младоженецот прочитавме и видовме малку, но затоа за струмичко-кумановската двојка, имаше доста…
Веројатно ваквата актуелност им годи и на двајцата љубовници, па не оставаат да помине ни малку време, за да направат нова фотосесија од која Љупка и нејзината провокација се во фокусот.
Овој пат покажаа нови фотографии на кои Дарко е маженствен и згоден, а Љупка…. се знае, во проѕирен фустан од кој сега покажа нова знатна танга крената до колкови која ѕирка под фустанот.
Провокацијата очиглено е слаба страна на атрактивната струмичанка, која откако се разведе и ја почна врската со Спејко, стана се послободна во своето претставување во јавност.