Непријатната средба меѓу Цеца Ражнатовиќ и Драгана Мирковиќ предизвика бура во медиумите.
По расправијата, колешките започнаа јавна војна, што на една од нив и го загрози здравјето, пишува српски „Ало“.
Како што дознава порталот, на Драгана и се слошило по зборовите на Цеца, па завршила во болница.
-Само неколку часа откако Светлана Ражнатовиќ го искористи собирањето на новинарите за својата куќна слава за да ја нападне вербално Драгана, на фолк пејачката и се слоши во нејзиниот дом во Виена, по што беше пренесена во болница, тврди добро информиран извор на „Ало“.
Драгана се наоѓа на прегледи, а наскоро се очекува да се знае каква е нејзината здравствена состојба.