По долги 20 години македонската публика конечно добива можност да ужива во песните на легендарниот хрватски пејач Мишо Ковач. Како што најавуваат организаторите на скопскиот концерт на 17-ти февруари 2018-та во Скопје, во ВИП Арената “Борис Трајковски” ќе се случува вистински концертен спектакл.
Во месецот на виното и љубовта домашната публика за последен пат во Скопје, во живо ќе може да ги слушне омилените: “Ти си песма моје душе”, “Остала си увјек иста”, “Један дан живота”, “Aко ме оставиш”… Името и песните на хрватската музичка неповторлива ѕвезда кај нас им се познати на многу генерации и токму затоа присуството на неговиот последен концерт за музичко збогување со публиката во нашата земја треба да биде задолжително за сите љубители на неговите песни, односно фанови на единствениот Мишо Ковач.
Билетите за мега спектаклот ќе бидат пуштени во продажба од среда (13.12.2017) преку продажната мрежа на kupikartizase.com, Пола Југотон, Југотон и Розе Веро 2.