Фотографиите од минатото може да предизвикат различни спомени и чувства.
Овој пат оваа фотографија сигурно ќе предизвика позитивни коментари, а на социјалните мрежи кружи фотографија од Драгана Мирковиќ како дете.
Многу познати личности се срамат од своите фотографии од минатото, меѓутоа Мирковиќ нема проблем да ги покаже фоторафиите од своето детство и кога првпат седнала во училишна клупа.
Драгана неодамна наполни 50 години, а нејзините фанови се уште ги слушаат нејзините песни.
Инаку, Мирковиќ денес живее во Виена каде е омажена за бизнисменот Тони Бјелиќ со кого заедно има две деца.
Таа е сопственичка и на телевизијата ДМСАТ.