Лажни вести за смртта на познатите постојано се појавуваат на Интернет, таблоидите, а сега лоши вести се праќаат и на домашната адреса.
На Слоба Радановиќ на домашна адреса му пристигна посмртница, додека Лукас го прогласија мртов во сообраќајна несреќа.
Лукас истакна дека е навикнат на такви вести бидејќи јавноста веќе го прогласила за мртов 17 пати.
„Мене навистина не ме погоди. Но, ова што се случи на Слоба јас го поминав 17 пати. Првите три – четири пати беа критични, а потоа ми беше полесно. Првиот пат сите ми се јавуваат и молчат, а еден другар ми кажа: „Ацо, ти ли си“? Јас сум. Па, пишува дека си умрел“. Па умрев, сега сум на својот погреб има многу луѓе“ се пошегува Лукас на своја сметка и додава.
„Јас првиот пат правев драма. Мајка ми плачеше иако седев пред неа. Кого да тужам, кога тој профил е лажен. Единствено, можам да ги најдам тие идиоти и да ги удрам по глава, да ги претепам бидејќи на друг начин не може да ги научиш или доколку има закон да одат во затвор. Можам да ги најдам многу лесно“ вели пејачот во Утринската програма на „Пинк“ и додава:
„На социјалните мрежи некој кретен може да пишува што сака, глупости за мене, Слоба, Брена бидејќи е љубоморен, жената го тепа дома не смее ништо да и каже,или живее со мајка му. Има 57 години и никогаш не се омажил, такви луѓе седат дома и плукаат по успешните луѓе. Јас не се нервирам, но, ако некогаш напишат лошо за моите деца, на таквите мајмуни ќе им ги извадам очите, еве јавно кажувам“ вели револтирано пејачот.
Тој објасни дека не се плаши за себе туку за своите родители.