Младата македонска поп пејачка Теа Трајковска, заедно со промоцијата на своето дебитантски дискографско остварување – албумот „Која сум јас“, таа промовираше и нова песна заедно со видеото за неа.
Станува збор за темата насловена „Кога најдобро те познавам“, чии стихови си ги напишала самата, а музиката, аранжманот и продукцијата се на проверениот македонски хитмејкер, Лазар Цветкоски, додека за реализација на видеото беше задолжена „Томато“ продукција.
Албумот содржи вкупно 10 песни, чиј автор е Лазар Цветкоски, со кого Теа соработува од самиот старт на нејзината кариера, како и неговата сестраМагдалена Цветкоска – Ена, која ги напишала стиховите за дел од песните.
„Целиот албум е доста биографско парче бидејќи повеќето текстови се мои. Долго време го подготвував и навистина е опфатен еден добар дел од мојот живот и тоа како сум созревала како уметник, така што едвај чекав да го затворам ова поглавје“ – ќе изјави Теа на неодамнешната промоција.
А, Вие можете да го проследите видеото за песната „Кога најдобро те познавам“ во продолжение:
Извор: РадиоМК