Промотер

Марија Ичкова ви го нуди својот – „Сладок отров“ (АУДИО)

Марија Ичкова ви го нуди својот – „Сладок отров“ (АУДИО)

Марија Ичкова е талентираната богданчанка, која македонската публика ја запозна преку учеството во првата сезона од регионалното музичко талент шоу „Х фактор“. Минатата година, на  фестивалот на забавни мелофии „Макфест 2017“ во Штип настапи со темата „Одговори ми“, потпишана од лидерот на групата „Ај Кју“ – Бојан Трајковски и Кристина Арнаудова.

Бојан Трајковски е комплетенм автор и на „Сладок отров“ , како што гласи насловот на новата песна на Марија Ичкова, снимена во „Мјузик хаус“ студио, која за соработката со Трајковски вели:

„Со Бојан се најдовме на иста фрекфенција и соработката навистина добро ни оди. Тој знае што сакам јас, јас знам што сака тој и она што го добиваме како производ е навистина одлично. Соработката продолжува и понатаму и ветувам дека наскоро ќе бидам повеќе присутна на музичката сцена“ – порача Ичкова, а како звучи нејзиниот „Сладок отров“ дознајте во продолжение.

To top