Мегафон џез концерт

„Новогодишна џез бајка“ и годинава во Битола (ВИДЕО)

„Новогодишна џез бајка“ и годинава во Битола (ВИДЕО)

„Новогодишната џез бајка“ и годинава ќе им ги разубави престстојните празници на битолчани, кои лани беа воодушевени од своите сограѓани„Фрагмент“со изведби на бројни празнични класици и џез-стандарди. Концертот овој пат  ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура – Битола и е закажан за27 декември (четврток), со почеток од 20.30 часот.

„Кратки моменти претворени во долги сеќавања, многу желби заокружени со уште повеќе надеж во еден град кој е многу повеќе од ѕидови и згради. Сите ќе ја паметиме годината која ја испраќаме по некоја лична приказна, по некој неостварен сон по чие остварување сè уште копнееме, но сите заедно исто така копнееме да се разбудиме во поубава Битола, во која дишејќи со полн здив повторно ќе го почувствуваме мирисот на нејзината душа и ќе ја слушнеме музиката на надежта. Ве повикуваме во предвечерието на Новата година заедно да ја посакаме нашата заедничка желба и преку нотите на неприкосновениот ’Фрагмент’, да бидеме дел од уште една ’Новогодишна џез бајка’, со која ќе се обидеме да ја разбудиме заспаната убавица и бајката за поубава Битола да ја претвориме во реалност“, стои во описот за претстојниот концерт.

„Фрагмент“ се: Јасна Мажевска (вокал), Стефан Тасевски (сопран и алт-саксофон), Никола Баљари (контрабас и бас-гитара), Горан Димитровски (гитара), Марјан Павловски (тапани) и Давор Нечак (пијано и клавијатура), кој воедно ги направи и новите аранжмани на песните. Гости на концертот ќе им бидат вокалистката Елена Стојчевска, виолинистката Марија Јанчулевска, виолончелистката Даниела Радевска и актерите Огнен Дранговски и Катерина Аневска Дранговска.

Извор:РадиоМК

To top