Познатата актерка во септември прослави 40 години брак, а сега има уште една причина за славење.
Мерил Стрип заедно со нејзиниот сопруг прославија 40 години брак, а сега има уште една причина за радост.
Имено, ќе стане баба во седмата деценија од животот.
Мерил и нејзиниот сопруг имаат четири деца, три ќерки и син, а нејзината најстара ќерка е бремена.
Откако дознала дека е бремена, ќерката на познатата актерка беше запросена во август.
„Сите се возбудени поради приновата. Двајцата се заљубени до уши“ вели извор близок на семејството.
ПР службата на семејството потврди дека Мерил ќе стане баба.