Промотер

Анита Мицова покажа како изгледа нејзиниот „Рај“ (ВИДЕО)

Анита Мицова покажа како изгледа нејзиниот „Рај“ (ВИДЕО)

Пејачката Анита Мицова продолжува со екранизирање на песните од својот деби албум „Ти сум јас“, кој го промовираше во јуни годинава. Од осумте теми што се најдоа на изданието, пет веќе добија свои визуализации („Два животи“, „Снег“,  „Биди добар“, „Златно жито“ и „На пат кон југ“), па ги најави и видеата и за нејзините „Рај“ и „Еден ден“ , од кои првата тема е веќе готова и премиерно ја промовираме.

Видеото за „Рај“ е снимено е во струшкото село Белица, а оваа љубовна песна со блуз-призвуци , според многумина, ќе биде зимски хит.  Второто видео е во финална фаза на подготовка и треба да биде доработено деновиве.

„Не сакам да пеам песни што нема да ме допрат емоционално. ’Рај’, како и другите мои композиции, има своја приказна, нешто што јас го имам доживеано. Има луѓе што велат дека на некој начин е клише да се прават љубовни композиции, но грешат. Ако песната ја донесеш на вистински начин, ако преку неа допреш до публиката, притоа е со квалитетен текст, музика и аранжман, тука нема простор за тоа парче музика да не стане хит. Спотот е дополнување на целата приказна, која ќе може да ја гледаат сите“, ќе изјави неодамна Мицова.

Како и останатите песни на албумот, „Рај“ и „Еден ден“ се комплетни авторски дела на тандемот Весна Малинова Бабамова и Кирил Бабамов. Зад изработката на видеото за темата „Рај“ стои  продукцијата „Motion Emotion“ , а комплетното авторство ( Directed , Filmed & Edited) го потпишува Јован Куциновски. За шминката и фризурата на Мицова во спотот била задолжена екипата од „Салончето на Марија“, додека стајлингот го осмислиле од Blood Orange boutique. Погледнете ја екранизацијата на „Рај“ и уживајте во неа.

 

To top