Наташа Беквалац не крие дека е радосна, нејзината нова песна стана хит за многу кратко време.
Таа откри дека во неа пробудила емоција која е поврзана со нејзиниот трет албум снимен во 2004 година.
„Кога Јелена Томашевиќ ми го напиша текстот за мене, доживеав слична емоција како кога беше напишна „Поново“. Ми се врати сеќавањето…Веднаш сфатив дека тоа е мојата песна“ вели Ната и додава:
„Баш ме интеренсира дали „Мала плава“ ќе падне во сенка бидејќи ова песна е магична, иако е балада. Се надевам дека публиката ќе ужива во неа, како што уживав јас кога ја создавав“ вели Беквалац.
Пејачката откри што сака да си исполни во следната година.
„Ќерките сакам да се убави, паметни, добри и здрави, а на себе си посакувам концерт“ изјави Наташа.