Радио Милева

Имам криза: Ана Николиќ проговори по разводот, а вака гледа на својата ситуација

Имам криза: Ана Николиќ проговори по разводот, а вака гледа на својата ситуација

Ова беше турбулентна година за пејачката Ана Николиќ. Таа на свет ја донесе ќерката Тара, а набрзо потоа се разведе од својот сега екс-сопруг Стефан Ѓуриќ Раста. Ана долго не се појавуваше во медиумите, а за Нова година ќе настапи во Белград.

-Почнува да ме фаќа криза бидејќи не сум настапила скоро година дена. Се наоѓаме. Деновиве сме во сала за танц да го надополнам пропуштеното, вели Ана за емисијата Гламур.

Што се однесува за желбите за Нова година, ги нема многу.

-Искрено да ви кажам, ова можеби ми е најубавата Нова година до сега, бидејќи потајно она што го посакував ми се исполни. Немам некоја посебна желба. Сакав да се реализирам како мајка и да добијам бебе и немам други желби освен сите да бидеме здрави и живи, завршува Ана Николиќ.

To top