Пејачката Нада Топчагиќ има проблем со недвижнините, а овој пат како што наведуваат српските медиуми, за се е виновен нејзиниот адвокат.
-Не знам што точно се случило, но како што се зборува во соседството, адвокатот кој Нада го ангажирала да ја застапува, ја прелажал и сега таа ќе остане без својот стан. Дали ќе успее да го реши проблемот, никој не знае, а таа секојдневно завршува некаква документација, вели нејзиниот сосед.
-Ништо, ништо, се е во ред, денес или утре треба да ми стигне одлука од судот и да видам што ќе правиме, морам да ангажирам адвокат. Имавме адвокат кој не си ја работеше добро работата, не не известуваше како што требаше и сега што е тоа е, кога ќе стигне се од судот, тогаш ќе знам што да правам, раскажува Нада.
Потсетуваме, пред неколку месеци во медиумите се појави вест дека Нада одлучила да го распродаде имотот кој го поседува, бидејќи западнала во големи долгови. Таа потврди дека е во проблем од кој само сака да распродаде се и да остави само мал дом за себе.