Светскиот супермодел Клудија Шифер веќе неколку години прави проблеми во соседството. Ова не е првпат полицијата да реагира.
Кучето на Клаудија, германскиот овчар Оскар, минатиот месец нападнал на фарма со овци која наоѓа во близина на домот на манекенката, а една овца била касната на вратот. Ветеринарите морале да го успијат несреќно животно поради сериозноста на повредите, бидејќи сигурно немало да преживеат.
View this post on Instagram
Други две овци, исто така биле сериозно повредени. Вработените во фармата успеале да реагираат и во последно време да спречат уште поголема трагедија што можела да се случи, пишува “Дејли мејл”.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а на Клаудија и на нејзиниот сопруг им напишале налог да го оградат својот имот бидејќи тоа е нивна обврска. Тие напоменале дека тоа е единствен начин да го спречат кучето да бега и да нанесува штета кај соседите.
View this post on Instagram
Ова не е прв инцидент кој Клаудија го има со кучето. Во 2010 година нејзиното куче гризна човек, а тогаш исто така реагираше полицијата.