Иако со години во српските медиуми се шпекулира дека српската пејачка Драгана Мирковиќ не е во добри односи со сопствениците на „Гранд“, никој од нив не го потврди тоа.
Едно време медиумите пишуваа дека Лепа Брена и Драгана Мирковиќ се во лоши односи, меѓутоа тие го демантираа тоа истакнувајќи дека не биле во контакт поради недоразбирање за телефонскиот број.
Имено, Мирковиќ истакна дека со години и праќала пораки за роденден на Лепа Брена, меѓутоа популарната пејачка го сменила бројот и не одговарала на пораките. Од друга страна, кога го решија недоразбирањето двете сопственички на телевизии се сретнаа на вечера.
Од друга страна, во медиумите често се пишуваше дека сопственичката на „ДМ САТ“ и директорот на „Гранд“ не се во добри односи поради конкуренцијата.
Неколку пати во медиумите се шпекулираше дека „Гранд“ забранил гостување на пејачите од неговата продукција на телевизијата на Мирковиќ.
Меѓутоа, се тоа беа шпекулации. Очигледно дека успешните сопственици одлучиле да ги закопаат „воените секири“.
Имено, Мирковиќ неколку години не се појавува на „Гранд“. Претходната сезона на „Ѕвезидте на Гранд“ сосема случајно се појави во студиото на Кошутњак и само ги поздрави присутните.
Меѓутоа, Драгана деновиве повторно се појави во „Гранд“ и тоа во емисија на Саша Поповиќ. Имено, пејачката ќе биде гостинка во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“ која се снимаше пред некој ден.
Покрај Драгана, во емисијата гости ќе бидат и Тијана Дапчевиќ, Жељко Самарџиќ и Џенан Лончаревиќ.
На социјалните мрежи се појавија неколку фотографии од снимањето на емисијата која ќе се емитува во следниот период.
foto: printscreen/ingragram/zeljko_samardzic