Вељко Ражнатовиќ, синот на српската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ, ја вери неговата девојка Богдана Родиќ на интимна вечера на која присуствуваа сите членови на семејството.
Сепак, многу пред официјалната веридба, Вељко тајно ја запросил Бодана на што нејзините родители Даниела и Богдан му забележуваат.
„Не ми падна тешко ова сега, кога дојдоа овде формално да ја побараат. Беше убаво, весело … Имавме убава вечера … Но, мене тешко ми падна нивната тајна веридба. Вељко како да не можеше да дочека, па тајно прво тајно ја вери. Цеца ова го дознала од медиумите, а не од него, па ме контактираше по телефон. А, и Богдана ме повика и рече: “Ние се веривме”. И што можев да кажам?! Ги поддржав… Да не им расипувам“ – изјавил таткото на Богдана за српски Ало.