Радио Милева

Соседите на Сека Алексиќ открија непознати детали за пејачката

Соседите на Сека Алексиќ открија непознати детали за пејачката

Соседите на Сека Алексиќ открија дека пејачката не е вообразена и дека нејзиниот син Јаков расте со децата на негова возраст.

„Кога има некоја прослава, Сека ги поканува сите деца од населбата. Моите деца одат таму, им дава играчки, колачи, сокови и ручек.  Уживаат кај Сека. Таа и Вељко се родители и соседи за пример“ вели еден од соседите и додава дека не се точни гласините дека Сека е вообразена.

„Нема баба кој ќе помине низ улица, а Сека да не ја поздрави. Многу е љубезна, пријатна и нормална“.

Пофални збори за Алексиќ имале и вработените во авто – сервис.

„Таа и Вељко се многу културни, пристојни и фини, секогаш се поздравуваат со нас. Ја гледаме со синот како шета. Порано и го средувавме автомобилот, но сега имаат автомобил со гаранција“ изјави механичар.

Вработените во маркет немале лоши зборови за пејачката.

„Одлична е. Природна е, се шегува, се поздравува со сите, немаме никаков проблем со неа.Нема посебни барања, се однесува нормално. Најчесто доаѓа во недела и купува се што е потребно. Не бара да и се наплати преку ред. Доаѓа поптполно опуштена и без шминка. Излегува во пресрет кога некој ќе и побара фотографија и автограм“ велат вработените.

Сопственик на кафуле каде што Сека често оди вели дека со пејачката станале добри пријатели.

„Ние сме како брат и сестра. Кога ќе се видиме зборуваме разни приказни, си даваме совети. Сека е многу духовита и со неа времето брзо поминува. Одлична е домаќинка. Знае сама да влезе во кујна, сама да зготви. Многумина ја гледаат на телевизија и мислат дека е вообразена, но таа навистина е нормална“ вели соседот на фолк пејачката.

Сека важи за една од најхуманите личности на српската естрада, а тоа го потврди и нејзини пријател.

„Сека е многу хумана, во Стар Пазов одржа два хумани концерти. Селаните во Стар Пазов ја сакаат Сека“ вели пријателот.

To top