Некогашната македонска водителка Мелита Ракиќевиќ знае како да ужива, а често на социјалните мрежи споделува и фотографии од нејзините активности.
Претходниот период во одредени медиуми и естрадни емисии можеше да се прочитат текстови за Мелита и за нејзините бивши партнери.
Имено, пред некој ден водителката на својот „Инстаграм“ сподели фотографии од џакузи, а тоа предизвика лавина од коментари кај нејзините следебеници, но и написи по медиумите.
По тој повод познатата водителка се огласи на социјалните мрежи.
„Вака да прашам јавно…дека гледам ај порталите што дигаат рејтинг на мене, обично плукајќи ме, притоа заборавајќи колку труд треба полни 18 години да создаваш емисии, деца израснаа со мене! Зошто во секој текст се спомнува името на мојот бивши дечко. Дали мислите дека уште реклама му треба? Деца невопечени вчера од улица мене ќе ме пишуваат а не ме познаваат. Епа, јас не сум ограничена и живеам светски, а моите бивши се популарни благодарение на мене. Се забавувам кога се фотографирам и зошто драма околу секоја моја фотка? Од сега ќе пишувам статуси, ќе кажувам се што мислам и нема да ќутам од култура како досега“ напиша Ракичевиќ на „Инстаграм стори“