Дејвид Бекам на Инстаграм објави фотографија на која се бакнува во уста со својата седумгодишна ќерка Харпер.
-Божиќ доаѓа, одиме на лизгање, напиша тој во описот за кој доби речиси милион ипол лајкови. А тогаш се појавија и критиките во кометари.
-„Не ми е ок таткото да ја бакнува ќерката во уста“, „Може да се бакнат во образ, во уста е едноставно чудно, „Зошто ја бакнуваш во уста? Тоа се прави со жената“, „ ги бакнуваш ли синовите така?“, се само дел од коментарите.
„Во ова проблем гледаат само перверзните“, „Што има лошо таткото да ја бакне ќерката?“, „Не гледам ништо лошо на фотографијата“, се појавија и коментари во одбрана на Бекам.
Ова не е првопат Бекам да има проблем со хејтерите и тоа поради слична ситуација кога на фотографија каде повторно ја бакнува Харпер го нападнаа, а тогаш им одговори:
-Сите свои деца ги бакнувам во уста, возврати Дејвид Бекам и додаде:
-Јас и Викторија пораснавме во семејство кое сака да искажува нежност и така се однесуваме кон нашите деца, додава тој.